Херојот од акциските филмови Џет Ли во едно интервју призна дека боледува од преактивна тироидна жлезда (хипертиреоза) и постојано мора да прима терапија.
50-годишниот кинески актер додаде дека значително се здебелил поради лековите кои ги прима.
– Дебел сум, не можам да ослабам. Тоа е факт. Јас сум обичен човек, не сум херој како тие кои ги глумев на филмското платно. Имам болки – изјави Ли.
Дијагнозата му била поставена во 2010 година, од кога и редовно прима терапија.
Она што најмногу го погодува е што, најверојатно, нема да може да продолжи да снима филмови, но Ли е одлучен да научи да се справува со болеста и повторно да го видиме на филмското платно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова се првите симптоми на рак на дебело црево…
-
Уште еден дипломат од американската амбасада во Куба заболе од мистериозната болест
-
Ова бебе има 23 години: Роден е 1995 година и престанал да се развива откако наполнил една година (видео)
-
Внимавајте на своите деца: Опасна полово пренослива болест се шири меѓу младите


