| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Прошев: 2013 беше рингишпил, година во чест на најголемите композитори

2013 беше навистина плодна година во Македонската опера и балет. Балетски и оперски претстави, премиери и странски гостувања, директорот Дејан Прошев во интервју за „Точка“ прави осврт на изминатата година.

Позади Македонската опера и балет, а и Вас како „локомотива“ на возот, има плодна и многу вредна година. МОБ работеше со полна пареа оваа сезона. Годината е на некој начин обележана од големите оперски композитори Вагнер и Верди?

Секако, ова беше година во чест на Вагнер и Верди, најголемите оперски композитори. Одбележавме 200 години од нивното раѓање. Па така, 2013 ја започнавме со Традиционалниот концерт за празникот Василица кој беше посветен на големиот италијански композитор и татко на операта Џузепе Верди. А подоцна на Мајските оперски вечери беше изведена и „Атила“, опера од Џузепе Верди, која прв пат беше одиграна во Македонија и на која гостин ни беше диритентот Норман Виџаја од Индонезија.

Вториот дел од сезоната беше отворен со концертот „Ова е Вагнер“, во чест на големиот Рихард Вагнер. Поставувањето и воопшто реализирањето на овој концерт на сцената на МОБ беше и возбудливо и предизвикувачко и секако кога на крај се исполни, задоволувачко искуство за нашата куќа и секако публиката која дојде на концертот, бидејќи „Ова е Вагнер“ беше прв концерт со дела од германскиот композитор поставен во нашата земја. Вагнер не е многу често поставуван во светот, освен во Германија и од големите оперски куќи и оркестри, тоа се должи на неговата комплексност од оркестрациски и логистички апсект. Така што „Ова е Вагнер“ беше голем чекор за нас, се радуваме што решивме да го направиме, а следно се надевам, дека ќе биде поставување на едно од неговите најзначајни оперски дела.

Оваа година на сцената на МОБ беше изведено балетско дело од македонски автори.

Така го затворивме 36-тото издание на фестивалот „ Денови на Македонска музика“, со балетот „Александар III Македонски“ за кој музиката и либретото се во авторство на композиторот Љубомир Бранѓолица.

Целото интервју на „Точка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top