| четврток, 6 декември 2018 |

Бекамови, сепак, ќе останат без титулите сер и леди

Дејвид и Викторија Бекам, сепак, нема да ги добијат титулите сер и леди. Иако тие беа номинирани, кралскиот комитет одлучи дека е прерано за таква чест.

Покрај шпекулациите дека семејството Бекам ќе ја добие оваа титула поради фудбалските успеси и поради тоа што помогнал во организирањето на Олимпијадата во Лондон, кралскиот комитет, сепак, одлучи дека тие сѐ уште не се достојни за тоа.

Оваа одлука на краскиот комитет беше шок за целото Обединето Кралство бидејќи се сметаше дека Бекам сигурно ќе ја добие оваа титула поради тоа што тој беше предложен од самиот принц Вилијам.

Обложувалниците низ светот пред две недели ги затворија облозите на неговото име, со оглед на тоа дека се сметаше за апсолутен фаворит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top