| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската диџеј елита за Нова година во „ХО“

Новоотворениот клуб „ХО“, кој се наоѓа на скопскиот плоштад „Македонија“, најавува голема новогодишна забава со македонската диџеј елита. Утревечер на самиот дочек на Новата година за атмосферата во клубот ќе бидат задолжени едни од нашите најдобри диџеи – Бабура, Бранчез и Боби.

За да биде новогодишната прослава комплетна менаџерскиот тим на „ХО“ ќе им овозможи на присутните специјален ретросет од диџеј Дела, кој за момент, преку големите хитови, ќе ги врати во минатото.

Забавата во „ХО“ ќе почне во 22 часот, а влезниците чинат 300 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top