| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус треба да одвои 22 милиони евра за Нани

Нани, најверојатно, повторно е на излезните врати во Манчестер јунајтед. Португалецот, кој често е склон на повреди, не е во планот на тренерот Дејвид Мојес.

„Старата дама“ сака да ги засили своите редови со уште еден играч од островот, со оглед на тоа дека трансферот на Карлос Тевез се покажа како успешен. Од друга страна, пак, Јунајтед сака да го пушти Нани да премине во Серија А, но цената е прилично висока и изнесува 22 милиони евра. Јувентус во намерата да го подобри квалитет за да биде конкурентен и надвор од Италија, ќе мора да ја одвои оваа сума за Нани, кој оваа сезона одигра осум натпревари и не постига ниту еден гол.

Португалскиот репрезентативец пред Манчестер јунајтед настапуваше за Спортинг од каде што во 2007 година се префрли на „Олд трафорд“, но не ги исполни очекувањата бидејќи за шест сезони постигна само 26 првенствени погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top