Двајца Албанци утрово паднале во провалија на Галичица, објави порталот „Охрид нет“. Сѐ уште трае акцијата за нивно спасување.
Од охридската полиција велат дека несреќата која се случила утрово се случила кај една црква и случајот бил пријавен утрово. Според првичните информации, едниот е тешко повреден, додека другиот поминал со полесни повреди. Не се знае дали албанските државјани биле планинари и што правеле на македонска страна на планината. Подетални инфромации се очекуваат подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


