Бранислав Ивановиќ постапи како вистински џентлмен и му пружи рака на Луис Суарез, а овој не го гризна повторно како при последниот нивни меѓусебен дуел. Челси вчера попладне го победи Ливерпул со 2-1 на „Стемфорд бриџ“, повторно имаше доста оган во пресметките меѓу Ивановиќ, кој игра за „сините“ од Лондон и уругвајскиот напаѓач во Ливерпул, но, сепак, немаше посериозен инцидент.
Во меч од минатата сезона, шокантно, Суарез во еден момент го фати српскиот интернационалец за рака и го гризна. Инцидентот предизвика многу коментари, беше долго време во фокусот, особено во Англија, а казната беше драстична. Суарез паузираше цели 10 натпревари.
Овојпат Ивановиќ попушти, вчера му пружи рака на Суарез, а поради повреда, бекот-стопер на Челси ја напушти играта по само 30 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



