Српскиот кошаркарски тренер Александар Џикиќ е нов селектор на сениорската машка кошаркарска репрезентација. Тој потпиша двегодишен договор со КФМ. Џикиќ ќе го наследи на клупата Алеш Пипан кој ја напушти репрезентацијата по ЕП во Словенија.
Како еден од приоритетите на новиот селектор е секако обезбедување пласман на ЕП во Украина преку квалификациите кои ќе се одржат во 2014 година.
– Особена чест е да се биде селектор на Македонија бидејќи во оваа земја кошарката се сака. Менталитетот на кошаркарите е блиску до мојот. Сакаме да победуваме и да се пласираме на ЕП. Нема да брзаме бидејќи имаме време. Ќе одиме чекор по чекор. Најпрвин ќе ја дочекаме ждрепката па ќе одлучиме понатаму што ќе правиме. Во стручниот штаб ќе бидат вклучени и македонски тренери за да ми помогнат да ги осознаам македонските играчи. Ќе разговарам со Перо Антиќ кој многу го ценам на кој начин може да и помогне на репрезентацијата – изјави Џикиќ.
Новиот селектор нема конкретен став околу изборот на натурализиран играч. Во следните неколку месеци ќе се знае дали Бо Мекејлеб ќе продолжи да игра за Макеоднија или ќе мора да се бара нов играч кој треба да ја оправда довербата.
Џикиќ е тренер на словенечкиот шампион Крка, а има искуство и како помошник тренер во неколку НБА тимови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



