| четврток, 6 декември 2018 |

Митревски: Повредата на Мојсовски е голем удар за репрезентацијата

Македонските ракометари се подготвуваат за нови предизвици - Европско првенство во ракомет, што се одржува во Данска. Нашите момци стартуваат на 12 јануари, а во нашата група, покрај домаќинот Данска, се и Чешка и Австрија. „Република“ разговараше со ракометарите за тоа што тие очекуваат од ова првенство. Денеска ви ја пренесуваме изјавата на Никола Митревски

Никола Митревски

роден: 03.10.1985 година
тежина: 84
висина: 188
клуб: РК Металург
позиција: голман

Митревски со ракомет се занимава од 13-годишна возраст, а кариерата ја почнал во ракометниот клуб Пелистер од Битола. Никола досега настапувал за Пелистер, Радовиш, Младост, Вардар ПРО и Металург. Во редовите на Металург е од 2010 година. Митревски досега има одиграно 21 натпревар за нашата селекција.

nikola mitrevskiМитревски во разговорот за „Република“ на прашањето дали имаме шанса за медал на ова првенство, вели дека со малку среќа и повеќе здравје сѐ е можно и доколку се отвори шанса, сигурно ќе ја искористат.

Очекуваме дека ќе биде доста тешко, со повредата на Наумче Мојсовски ќе биде многу потешко отколку што претходно мислевме дека треба за да се помине првата група, но, секако, одиме да ја поминеме таа група, пред сѐ да не служи здравјето, а потоа сѐ друго – изјави Митревски.

Целиот разговор погледнете го на следниот линк на Република ТВ.

filip-lazarov1 Mirkulovski manaskov-520x344 goce-georgiev-520x264 vanco
Слушнете ги предвидувањата и очекувањата на Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Дејан МанасковГоце Георгиевски и Ванчо Димовски.

Разговараше: Владо Оцевски


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top