Голманот Никола Митревски по завршувањето на настапот на Македонија на Европското првенство во Хрватска вели дека најважно е да остане овој склоп и за следната репрезентативна акција и да се пласираме на СП во Германија и Данска.
– Во трите натпревари од втората фаза, можеби малку потфрливме. Има влијание тоа што е повреди и Лазаров. Математиките што се правеа пред стартот на ЕП, сигурно придонесоа за еуфорија, што и како е можно, но тоа е тоа. Секој натпревар на ЕП има своја тежина, без разлика дали е за пласман. Против Данска бевме егал едно полувреме, второто имавме многу технички грешки и се случи тоа што се случи. Најважно во овој момент е да се задржи овој склоп, да се пласираме на СП следната година, но ќе видиме што и како ќе биде понатаму, вели Митревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.