Со контролниот меч во Словенија завршија мечевите на Кирил Лазаров во 2013 година. Со мали исклучоци повредите го заобиколија, па пропушти мал број на средби. Не настапи против Кил во дресот на Атлетико Мадрид во групната фаза на Лигата на шампионите 2012/13, бидејќи Душебаев го чуваше, а поради повреда ги пропушти средбите Шпанија – Македонија во Гвадалахара и Атлетико Мадрид – Арагон во ASOBAL лигата.
Има 72 одиграни меча, два помалку од минатата 2012 година. Постигна одлични 381 гол, што во просек е 5,29 гола по натпревар. Минатата 2012 година беше стрелец на 429 гола и просек од 5,79 гола по натпревар. Фантастични бројки за најдобриот стрелец во историјата на европските ракометни купови и најдобриот стрелец во македонската ракометна репрезентација на сите времиња.
Атлетико Мадрид
АSOBAL лига – 15 меча – 85 гола
Куп на шпанскиот крал – 4 меча – 22 гола
Лига на шампиони – 6 меча – 33 гола
Вкупно: 25 меча – 140 гола
Барселона
АSOBAL лига – 15 меча – 58 гола
ASOBAL Куп – 2 меча – 8 гола
Куп на шпанскиот крал – 1 меч – 5 гола
ASOBAL Суперкуп – 1 меч – 7 гола
IHF Суперглоб – 5 меча – 23 гола
Лига на шампиони – 7 меча – 41 гол
Суперкуп на Каталонија – 1 меч – 5 гола
Пријателски меч – 1 меч – 3 гола
Вкупно: 33 меча – 150 гола
Репрезентација на Македонија
Светско првенство – 6 меча – 44 гола
Квалификации за Европско првенство – 4 меча – 15 гола
Пријателски и турнирски мечеви – 4 меча – 32 гола
Вкупно: 14 меча – 91 гол
Вкупно во 2013 година:
72 меча – 381 гол – просек 5,29 гола по натпревар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.