Девојка од Босна објавила оглас во кој бара момче кое ќе ја придружува на дочекот на Нова година. Нејзината порака предизвикала големо внимание и популарност на интернет сервисот за огласи, пишуваат босанските медиуми.
Во својата порака девојката наведува дека е млада и атрактивна, а за потврда приложила и нејзина фотографија. Таа во огласот открива и дека прославата ќе биде во Тузла, а го навела и името ноќниот клуб каде што ќе се забавуваат. Како единствен услов бара момчето да не е постаро од 25 години. Кандидатот нема да има никакви трошоци затоа што веќе се било платено. Останува само да се пријави вистински кандидат за добра журка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.