
Стотина „новогодишни честитки“ испрати МВР до несовесни возачи кои направиле сообраќајни прекршоци.
Меѓу фатените на дело од безбедносните камери, биле и возила на неколку државни институции. За кои не се открива.
Повеќе од половина од прекршителите, односно 63ца се од Скопје останатите се снимени во Куманово, Кавадарци, Велес и Струга. Граѓаните најчесто непрописно запирале и се паркирале и тоа во близина на пешачки премин, на тротоар, на пешачки патеки, на автобуски станици на коловозни ленти и на тој начин правеле застој во сообраќајот.
Проектот безбеден град со 100тина безбедносни камери на клучни локации низ Скопје стартуваше пред година и половина. За сторен сообраќаен прекршок документиран на снимките од безбедносните камери, повеќе од 1.400 граѓани вкупно до сега досега добиле жолт картон од полицијата. Дали и кога ќе почнат да пишуваат и казни за сега од МВР нема најава. Оттаму досега неколку пати повторија дека целта на видео надзорот не е да се казнува туку да се влијае превентивно на безбедноста на сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?


