
Денес од градоначалникот на општина Центар не слушнавме кои капитални проекти ги направил, каде изградил улица или булевар. Денес слушавме несериозни алиби поплаки, со кои немањето проекти сака да го оправда со обвинувања кон други, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на градоначалникот на која тој објави дека за осум месеци раздолжил 63,3 проценти од долгот на претходното раководство на оваа Општина.
„Вистината говори дека последната година, 2012, додека Андреј Жерновски сѐ уште не беше градоначалник, во Општина Центар се спроведени над 600 јавни набавки за извршување работа од типот на изградба и реконструкција на локални улици, изградба и реконструкција на тротоари, поплочување јавни површини, озеленување паркови, реконструкции на училишта и градинки. Од кога дојде Жерновски за градоначалник во Општина Центар за вакви намени се распишани и спроведени за 20 пати помалку постапки. Што би рекло дека обемот на реално спроведени проекти е 20 пати помал споредено со минатата година. Помина времето кога со празни политички флоскули и со извртени бројки можете да ги лажете граѓаните зошто не сте ги реализирале вашите ветувања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека Општина Центар е една од најбогатите општини во Македонија.
„Од каде најде пари Жерновски за да организира најскапа прослава на Нова година на само стотина метра од веќе закажаната и традиционална прослава на градскиот плоштад. Од каде најде Жерновски пари за огромниот број партиски вработувања што во минатите месеци ги направи во Општина Центар. Од каде најде пари градоначалникот Жерновски секојдневно да се рекламира на сите опозициски медиуми и портали. Од каде најде пари за да плаќа скапа партиска ревизија, која впрочем не најде ништо спротивно на закон и претставуваше само начин како да се замајува јавноста и да се поделат партиски хонорари на неколку луѓе“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


