| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Се враќам кон крајот на јануари

Во очекување на операцијата на раката, ракометарот на РК Вардар Филип Лазаров вели дека се чуствува разочарано поради повредата и поради тоа што нема да може да ѝ помогне на нашата репрезентација на Европското првенство во Данска.

– Повредата не е толку страшна колку што дојде во најлошо време за мене. Се работи за скршеница на дланката којaшто дојде по еден најнормален дуел на тренинг. Деновиве ќе одам на операција, по која во првите две недели ке морам да мирувам, а веќе во наредните недели ке почнам со кондициски тренинзи. Кон крајот на јануари очекувам да бидам целосно подготвен за предизвиците што нѐ очекуваат на клупски план – Филип Лазаров.

Со оглед на тоа дека нема да настапи на претстојното Европско првенство, тој им посака среќа на соиграчите.

– На колегите од репрезентација им посакувам да ги послужи здравјето, а на теренот им посакувам среќа, која досега и не нѐ следеше баш и поради тоа очекувам токму на првенството да ни се врати барем малку. Верувам во нивните квалитети дека ќе издвојуваме минимум една победа во групната фаза која што ќе нѐ однесе во најдобрите 12 и ќе ни отвори шанса за подобар пласман и рејтинг коишто би ни значеле многу за понатаму – додаде Лазаров.

Новогодишните празници Филип ќе ги помине во домашна атмосфера, постоперативно во друштво на неговите најблиски пријатели.

Филип испрати и честитка до навивачите на РК Вардар и желби за своите соиграчи од тимот.

– Им посакувам на нашите фанови многу среќа и љубов во Новата 2014 година и, секако, задоволства што ќе се потрудиме да им ги обезбедиме ние со добри игри и победи. Воедно би сакал и на моите колеги да им посакам што помалку повреди и порази во новата година и нормално повеќе успеси и исполнување на нашите желби, а тоа се влез во најдобри 16 во Лигата на шампионите и титула во домашното првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top