Еден од најдобрите фудбалери на светот комплетно заздрави од повредата на задната ложа и е подготвен да се врати во Барселона и да му се приклучи на тимот.
Ова го соопшти клупскиот лекар Мартинез, кој се наоѓа во Аргентина заедно со Меси и ја пратеше рехабилитациската прграма.
Меси треба да се врати на 2 јануари во Барселона, а првиот натпревар би можел да го одигра веќе на 5 јануари или три дена подоцна.
Каталонците на првиот датум играат против Елче во рамките од шпанското првенство, додека на 8 јануари го игра првиот натпревар од осминафиналето од Купот на Шпанија против тимот на Гетафе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


