| четврток, 6 декември 2018 |

Го фрлила своето новороденче низ прозорец, докторите се борат за неговиот живот

Шпанската полицијата уапси жена која, поради тоа што се породила во тајност во куќата на своите родители во мадридската населба Каниљихас, го фрлила своето тукушто родено дете, објавија локалните медиуми.

Во полициското соопштение се наведува дека жената се породила рано утрото на католичкиот Бадник, на 24 декември, по што ја пресекла папочната врвца, бебето го завиткала во фармерки и го фрлила низ прозорец.

Недолго потоа од родителите побарала да ја одвезат до болница поради обилното крвавење. Нејзината мајка, која не знаела дека ќерката ѝ е бремена, неколку часа потоа случајно погледнала низ прозорецот кон дворот и го здогледала бебето.

Брзо отишла по него и повикала полиција. Полицијата го пронашла измрзнатото бебе без пулс, но му направиле реанимација до доаѓањето на брзата помош.

Момчето преживеало, но се наоѓа во тешка состојба.

Мајката е упасена под обвинениа за обид за убиство, соопшти полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top