| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Антиќ го има вториот најатрактивен потег во Топ 10 во НБА, Крис Бош му го зеде приматот

Тројката на Перо Антиќ на 3,1 секунди до крајот на мечот меѓу Атланта хоукс и Шарлот бобкетс, со која македонскиот репрезентативец израмни на 101-101, е втор најатрактивен потег на вечерта во специјалните изданија на Топ 10 во НБА-лигата.

Крис Бош му го зеде приматот на Антиќ со тројка од огромна далечина за победа на Мајами хит против Портланд со 108-107. Бош реализираше на 0,5 секунди до крајот, Мајами играше без Леброн Џејмс, а Крис е голема марка во НБА и за влакно го доби признанието за потег број 1, пред дебитантот Антиќ. За Перо ова е сефте појавување во Топ 10.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top