| четврток, 6 декември 2018 |

Дали знаете – Перо и Ружица Антиќ на бимот во Филипс арената

Дали знаете… Перо и неговата сопруга Ружица се родени на исти датум – 29-ти јули – ова ноќеска беше испишано во „Филипс Арената“ во која тимот на нашиот македонски репрезентативец, Перо Антиќ, го одигра мечот против Шарлот бобкетс.

Фотографијата со прашањето на својот фејсбук профил ја објави сопругата на Антиќ, Ружица Антиќ, која постојано ги споделува најинтересните моменти од натпреварите на единствениот Македонец кој настапува во НБА.

Антиќ ја спаси Атланта од пораз со неверојатна тројка, надвор од баланс, на само 3,1 секунди до крај, против Шарлот бобкетс, со што мечот продолжи со дополнителни 5 минути, во кои Хоукс славеа со 118-116. Со кошот на македонскиот репрезентативец Атланта израмни на 101-101, резултат со кој заврши регуларниот дел од 48 минути.

Погледнете ја фантастичната тројка на нашиот репрезентативен капитен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top