Перо Антиќ ја спаси Атланта од пораз со неверојатна тројка, надвор од баланс, на само 3,1 секунди до крај, против Шарлот бобкетс, со што мечот продолжи со дополнителни 5 минути, во кои Хоукс славеа со 118-116. Со кошот на македонскиот репрезентативец Атланта израмни на 101-101, резултат со кој заврши регуларниот дел од 48 минути.
Антиќ до тој момент, што се покажа како клучен за победата на Атланта, имаше 6 утки од исто толку обиди, но погоди кога најмногу му требаше на тимот. Публиката на нозе со овации го поздрави фантастичниот кош за три поени на македонскиот кошаркар, а потегот веројатно ќе се најде во топ-10 на НБА. Можеби и на првото место, бидејќи ударот беше необичен, сосема надвор од рамнотежа, со едната нога крената во воздух и од многу тешка позиција.
Кошот за спас на Атланта предизвика огромна радост и кај легендата на тимот Доминик Вилкинс, кој беше ко-коментатор на мечот.
„Браво за Перо, ова беше исклучително тежок шут за три поени“, беше коментарот на Вилкинс, кошаркар што е избран во топ-50 најдобри во историјата на НБА лигата.
Антиќ одигра точно 22 минути и 22 секунди, се мачеше со ударот од поле (1-7), но забележа рекордни за него 7 асистенции во првата сезона што ја игра во НБА. Патем оствари и 3 блокади, најмногу на мечот, а прокнижи и солидни 4 скока, со една украдена топка.
Македонскиот репрезентативец не беше во почетната петорка, иако по повредата на Ал Хорфорд, имаше најави дека за првпат ќе биде стартер за Атланта.
„Играчите од клупата беа клуч на победата. Скот, Лу и Перо имаа значаен придонес во отсуство на Хорфорд“, истакна во ТВ преносот Доминик Вилкинс.
Во продолжението Антиќ не влезе во игра, а победата што тој ја најави со клучната тројка во регуларниот дел, ја донесоа Милсап, Тиг и Вилијамс. Милсап беше нерешлива енигма за одбраната на Шарлот и постигна 33 поени, комбинирани со 13 скока. Тиг уфрли 20 поени, а имаше и 9 асистенции, додека Вилијамс забележа 28 поени. Одличен беше и Мајк Скот со 18 поени. Атланта ја задржа импресивната серија победи против Бобкетс. Сега низата е 10 триумфи во последните 10 меѓусебни средби. Хоукс по 16 години пауза одиграа три натпревари едноподруго со продолженија, а на два од нив забележаа победи.
Кај Шарлот извонредна партија пружи Ал Џеферсон со 24 поени и импресивни 23 скока. Хендерсон постигна 22 поени, а Бобкетс прокоцкаа предност од 14 поени, што ја имаа во текот на мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)