| четврток, 6 декември 2018 |

Ани Малинкова ги забавува Македонците во Словенија, а за Нова година ќе пее во Виена

Пејачката Ани Малинкова можеби не е толку активна на естрадата, но затоа е главна кога станува збор за ноќните свирки во ресторани и познати кафеани во Македонија, а и на Балканот, објавува порталот „Вистина мк.“ Таа викендов имаше настап во ресторанот „Сонце“ во градот Велење, Словенија, каде атмосферата била повеќе од жешка.

Малинкова покрај убавиот глас има и одличен стас, па присутните имале што да слушнат, а и што да видат. Дека навистина било еуфорично говори и фотографијата од насмеаната пејачка.

Гостувањата на Малинкова не застануваат тука. Таа новогодишната ноќ ќе ја помине работно и тоа во Виена, каде ќе ги забавува нашите Македонци кои живеат таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top