| четврток, 6 декември 2018 |

Ден на турската култура и традиција во Велес

Во Велес денеска по петти пат се одржа манифестацијата “Ден на турската култура и традиција”. Истата е организирана од општина Велес и Турската заедница од Велес, имаше хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат доделени на Друштвото на родители на деца заболени од церебрална парализа. На манифестацијата беа презентирани богатата турска култура, традиционална соба, песни, ора, носии, турската чалгија и турските солени и благи специјалитети, кои ги изработија турските жени од Велес, како и жените од Активот на пензионерките и ученици од средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски“.

Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев кој истакна дека таа е уште една потврда за соживотот и заедништвото со турскиот народ во Македонија.

Бесим Ахмедов, советник во Советот на општина Велес и се заблагодари на локалната власт за подршката за оваа манифестација која според него на најдобар ја изразува на одличната соработка и соживот меѓу двата народа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top