| четврток, 6 декември 2018 |

Јакуп Красниќи: Собранието „избрза“ со спогодбата со Белград

Претседателот на косовското собрание Јакуп Красниќи оцени дека собранието „избрза“ кога ја ратификува бриселската спогодба со Белград, објави „радио слободна Европа“.  Тој изјави дека Парламентот немал доволно информации во врска со спогодбата што ја потпишаа претседателот на српската Влада Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи. Станува збор за спогодбата од 19 април. Красниќи на прес конференција изјави дека не знае колку собранието можело да знае до кое ниво оди оваа спогодба, но, како и да е, пратениците избрзале со потпишувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top