| четврток, 6 декември 2018 |

Презентиран проектот за изградба на експресен пат Охрид-Св.Наум

Проектот за изградба на експресен пат А3, Косел – Охрид – граница со Р. Албанија, делница Охрид-Пештани, неодамна беше презентиран и даден на јавна расправа, објави порталот „Охрид њуз“.

Целта на овој проект е подобрување на патната инфраструктурa, поврзување на регионот со Албанија, подобар проток на возила, безбеден сообраќај, побрз превоз и транспорт на луѓе и стоки, односно функционирање на охридскиот регион во една комплетна целина.

Моментално сме во фаза на проект, односно се подготвува целокупната документација. Меѓувреме, владата разгледува различни финансиски извори за средства кои што би можеле да се обезбедат за финансирање на овој проект. Неблагодарно е во оваа ситуација да се напомене периодот на градба, од причина што се уште сме во фаза на проект која трае прилично долго. Особено мораме да обрнеме внимание на животната средина и аспектот од локалното население, бидејќи оваа делница поминува низ доста населени места, вели Сашка Богданова Ајцева од Јавното претпријатие за државни патишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top