| четврток, 6 декември 2018 |

(ВИДЕО) Фудбалер на Вест Хем свлечкан, соборен на земја и уапсен

Фудбалерот на лондонскиот фудбалски клуб Вест Хем, Џејмс Томкинс, беше уапсен во раните утрински часови во неделата пред ноќниот клуб „Шугар шут“ во Брентвуд, бидејќи, меѓу другото, како што се вели во полицискиот извештај, нападнал полициско лице.

– Полицијата го уапси Џејмс Томкинс и го обвини за три прекршоци. Станува збор за напад на полициско лице, спротивставување при апсење, како и нарушување на јавниот ред и мир во пијана состојба – се вели во извештајот на полицијата во Есекс.

Фудбалерот веднаш по апсењето излезе од притвор со кауција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top