До победата Сакременто го предводеа Демаркус Казинс (17 поени, 17 скокови, 5 асистенции), Руди Геј (26 поени) и Ајзеа Томас Јуниор (22 поени, 11 асистенции). Мајами, во текот на натпреварот испушти предност од 17 поени, го забележа првиот пораз на турнејата по западот, а најефикасен во тимот беше Леброн Џејмс со 33 поени, 8 скока и 8 асистенции. За Мајами на овој меч не настапија Двејн Вејд и Реј Ален.
Бруклин, против Милвоки, ја прекина серијата од четири порази и го забележа 10-от триумф во сезоната. Шон Ливингстон (20 поени, 6 скока, 5 асистенции) и Мирза Телетовиќ (19 поени, 6 скока) беа најзаслужните за победата на Бруклин од 104-93.
Оклахома, без Расел Вестбрук кој ќе отсуствува до февруари, победи во Шарлот со 89-85. Кевин Дурент, вообичаено го предводеше тимот до победата, тој натпреварот го заврши со 34 поени, 12 скокови и 6 асистенции. По 12 кошеви за Оклахома постигнаа Серж Ибака и Табо Сефолоша.
Минесота без проблеми се радуваше на победата против Вашингтон, Тимбервулфси победија со 120-98. Одново центарската двојка Кевин Лав и Никола Пековиќ ја предводеа Минесота, Лав имаше учинок од 25 поени и 11 скокови, а Пековиќ мечот го заврши со 18 поени и 10 скокови. Џон Вол со 26 поени и 7 асистенции го предводеше Вашингтон.
Голден Стејт го декласира Феникс со 115-86, а Стефон Кари забележа ‘трипл-дабл’ од 14 поени, 13 скокови и 16 асистенции. Инаку најефикасни во тимот на Голден СТејт беа Томпсон со 21 и Дејвид Ли со 17 поени.
Њу Орлеанс, благодарение на Џру Холидеј и Ентони Дејвис, кои постигнаа по 17 поени, забележа победа над Денвер од 105-89.
Јута, во неизвесен меч ги порази ЛА Лејкерси со 105-103, победата на џезерите им ја донесе Дерик Фејворс со поените кои ги постигна на две секунди до крајот на натпреварот.
Гордон Хејвурд со 24 поени ја предводеше Јута, додека Ник Јанг беше најефикасен кај ‘езерџиите’ со 21 поен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


