| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Бесинџер манекенка на 60 години

Оскаровката Ким Бесинџер потпиша договор со моделинг агенцијата IMG Models, така што таа повторно се враќа на своите манекенски корени. Таму ќе биде рамо со рамо со својата ќерка, која исто така е во оваа агенција.

Бесинџер беше откrиена на 16 години во родниот град и после кусо предомислување реши целосно да се посвети на оваа професија.

Во 1976 година стана фрустирана со манекенската работа и одлучи во целост да се посвети на актерската кариера така што се пресели во Лос Анџелес и почна да зема часови.

За враќањето во манекенските води, агенцијата со која потпишала договор рече: „Горди сме на соработката со така важна и ценета актерка како што е Ким. Таа има неверојатна харизма и сјајно изгледа на екранот, што ни отвора ново поле за креативна соработка ширум светот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top