| четврток, 6 декември 2018 |

Ставревски: Уште поголем раст на индустриското производство в година

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, очекува раст на индустриското производство до крајот на годинава и уште поинтензивен раст следната година.

Одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата на индустриското производство, Ставрески оцени дека растот на индустриското производство ќе помогне да се оствари вкупниот раст на БДП што го проектира од 3 до 3,5 проценти.

– Сите мерки и политики, вклучувајќи го и одржувањето ниски даноци и обезбедувањето евтини кредити, како и излегувањето на европската економија од рецесија, помагаат македонската индустрија постепено да фати залет и да се врати во позитивната зона. Во индустријата има добар тренд во текот на целата година, посебно во втората половина, и имаме заживување на индустриското производство и зголемен број нарачки – истакна Ставрески, по пуштањето во употреба на реконструираниот граничен премин „Блаце“.

Исто така, Ставрески очекува поголема поддршка од банките за стопанството и смета дека банките треба поинтензивно да учествуваат во растот на економијата и да нудат повеќе кредити за стопанството.

– Со оглед на тоа дека резултатите на македонската економија оваа година се добри, меѓу најдобрите во Европа, ризикот за банките е намален и очекувам и во 2014 година да продолжат со поинтензивна кредитна поддршка на стопанството – рече вицепремиерот Ставрески.
Тој посочи дека е добро што во претходниот месец има мало заживување на кредитниот раст.

– Околу 5 проценти е меѓугодишната стапка на кредитен раст што покажува дека постепеното заздравувањето на економијата го поддржува и приватниот сектор, односно инвестициите во приватниот сектор за кои се потребни банкарски кредити. Ние го помагаме тој процес и со новите 100 милиони евра од Европската банка кои со 5,5 проценти камата преку банките можат да завршат во малите и средните претпријатија – рече Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top