| четврток, 6 декември 2018 |

Пасторе на позајмица во Интер

Интер и ПСЖ односно претседателите на клубовите постигнале договор за шестмесечна позајмица на Хавиер Пасторе, па така везниот играч на ПСЖ, вториот дел од сезоната ќе го помине во редовите на „нероазурите“, дознава „Газета дело Спорт“.

Според договорот по истекот на позајмицата италијанскиот клуб ќе има предност пред другите клубови доколку сакаат да го откупат договорот на Пасторе од ПСЖ.

Аргентинецот оваа сезона одигра осум натпревара за екипата од Париз, но без некаков посебен придонес, па така преселбата и евентуално неколку добри натпревари во дресот на Интер би помогнале да избори место во репрезентацијата за престојното првенство во Бразил.

Во неговата кариера Пасторе веќе настапуваше во Серија А и тоа за екипата на Палермо за кој на 69 натпревари постигна 14 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top