| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот сопственик го носи Џеко во Валенсија?

Доколку Питер Лим дојде на чело на Валенсија, може да се очекува дека на „Месталја“ ќе пристигнат и милионите за оваа екипа да се врати на патеките каде што припаѓа.
Азискиот милијардер Питер Лим очекува да го купи клубот за 300 милиони фунти и да почне нова ера во клубот.
Тој најави дека доколку дојде на чело на клубот, новиот тренер ќе има околу 40 милиони фунти за трошење во зимскиот преоден рок.
Прв на желбите на Питер Лим е напаѓачот на Манчестер сити, босанскиот репрезентативец Един Џеко, кој не добива целосна доверба кај тренерот Пелегрини и повеќе седи на клупата отколку што игра.
Сепак, Мануел Пелегрини тешко дека ќе дозволи трансфер на играчот во Валенсија особено по повредата на Серхио Агуеро. Манчестер сити ги очекува тешка битка за освојувањето на првото место во Премиер лигата и натпреварите од Лигата на шампионите кои се играат напролет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top