| четврток, 6 декември 2018 |

Испукал 17 куршуми додека бил во кафеана

Во полициското одделение „Матејче“ вчера било пријавено дека околу 01.50 часот, во кумановското село Ваксинце, во угостителскиот објект „Аљби“, непознато лице преку прозорецот од објектот испукал три куршуми надвор.

Потоа пиштолџијата излегол од објектот и испукал уште неколку куршуми во воздух.

Полицијата изврши увид на местото на настанот, каде што се пронајден 17 испукани куршуми.

По преземените мерки лицето е идентификувано како К.Н.(41) од село Лојане, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top