Шпекулациите дека претставници на ДУИ и СДСМ се во постојан контакт со цел да се најде можност за официјална заедничка соработка стануваат се пореални по последните настани и настапи на двете партиии кои беа во владината коалиција од 2002 до 2006 година. И покрај нетрпеливоста на јавната сцена ако се анализираат нивните реакции за неколку случаи ќе се види дека тие имаат исти позиции. Вчерашниот инцидент во кој на улицата „пластичарска“ во центарот на Скопје беа практично киднапирани двајца вработени во ЕВН и молкот од ДУИ и СДСМ покажа дека секогаш кои се случуваат инциденти тие имаат заеднички став за настаните а секогаш кога СДСМ ја критикува владата ДУИ не е цел на остри критики – објави shqip.republika.mk.
Порталот посочува – зошто СДСМ исто како и ДУИ молчи за лишувањето од слобода на двајца работници и зошто најголемата македонска опозициона партија молчеше кога толпа со метални чекани сакаше да го скрши споменикот на „Цар Душан“ во центарот на Скопје, е прашање на кое ќе треба да дадат одговор од Бихаќка. Кое е нивото на комуникација меѓу двете партии можеби ќе се види уште на престојните претседателски избори.
Инаку , соработката меѓу двете партии која беше прекината во 2008 кога ДУИ влезе во владата продолжи за време на последните локални избори во Куманово. Во овој град и покрај тесната разлика меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ по првиот круг на крајот опозицијата убедливо ја заврши трката. Големиот број вработувања и шефовски позиции за ДУИ на локално ниво во овој град само ја официјализираше неофицијалната соработка меѓу двете партии. Анализите на СДСМ тогаш покажаа дека околу 5000 гласови на албанскиот партнер на локално ниво ја обезбеди победата на градоначалникто Дамјановски. Според последните настапи на СДСМ и ДУИ нивната соработка најверојатно никогаш не запрела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


