| четврток, 6 декември 2018 |

Бане не го бидува – Снеже Велков има нов партнер-водител во „Икс-фактор“

Иако првите епизоди на балканската верзија на музичкото шоу „Икс-фактор“ ги водеше младиот и не толку познат актер Бане Јевтиќ, продукцијата оцени дека тој не би доволно добар за водење на настапите на кандидатите во живо. Така, нашата водителка Снеже Велков ќе соработува со новиот водител од 7 јануари – познатиот српски актер Никола Ѓуричко.

921688-nikola-djuricko-04-ras-foto-dalibor-danilovic

– Вистина е дека Никола Ѓуричко е новиот водител на „Икс-фактор“. Тој преговарал со продукцијата за својот ангажман на овој проект и по постигнатиот договор тој на 7 јануари ќе почне да ги води емисиите во живот. Продукцијата смета дека Никола е идеална личност за ова шоу бидејќи е доволно популарен и со својот шарм ќе ја зголеми гледанста. Актерот посебно беше интересен за српската јавност кога се дружел со Анџелина Џоли и Бред Пит на доделувањето на „Оскарите“ во Лондон, а тоа е уште една причина зошто го ангажирале токму него – изјавил за српски „Ало“ близок извор на продукцијата.

Тој додал дека актерот е многу возбуден поради овој ангажман.

– Подготвките се во тек и сигурен е дека емисиите во живот ќе бидат поинтересни. Тој веќе размислува како ќе изгледа сѐ, а бидејќи сме имале прилика да ги гледаме неговите авторски емисии, сите се убедени дека тој ќе биде полн погодок за шоуто – додава изворот.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top