| четврток, 6 декември 2018 |

13 пати бил потстанар, академија никогаш не завршил: Животната приказна на Никола Ѓуричко

Српскиот актер Никола Ѓуричко балканската публика го запозна од повеќе телевизиски серии, а глумеше и во познатата Зона Зафирова. Тој во едно свое интервју неодамна открил повеќе детали за својот живот.

– Многу долго време бевме потстанари со моето семејство. Се селевме со моите родители и брат ми 13 пати. Едно време имавме германски овчар, па од неколку станови заради него не бркаа. На крајот моравме да го подариме на пријатели кои имаа двор.

– Како дете обожавав да играм на улица по цел ден и таму да останам се додека не ме приберат моите. Еден ден постарите деца не однесоа на едно поле да крадеме пченка, а за кратко слушнавме истрели. Мислам дека сопственикот сепак пукаше во возхух, но во тие моменти сите мислевме дека ќе загинеме заради пченките, раскажал Ѓуричко за своето детство.

Училиштето вели дека многу не го сакал, но во основно бил одличен.

– Се запишав во средното дизајнерско училиште на Дедиње. Креативно школо кое бараше многу работа, но немаше врска со глумата. Уште на многу мала возраст брат ми се запиша во детски младински театар, а јас како помал брат тргнав по него. Студиото го водеше Мика Алексиќ. Снимавме разни детски серии и радио драми. Кога дојде време да се запише на академија, брат ми конкурираше, но не успеа да влезе, по што отиде во војска. Следната година се пријавив јас и ме примија. Се уште мислам дека тоа е еден од најголемите успеси во мојот живот. Родителите тогаш беа многу горди на мене, вели актерот.

Потоа почнал да добива улоги во претстави и серии и почнал да ги запоставуваа студиите.

– Тогаш добивав солидни хонорари, па решив да си земам стан и да живеам сам. Првото станче имаше едвај 20-тина квадрати, но мене ми беше добро. Таму живеев повеќе од една година. Некаде во трета години веќе и престанав да одам на предавања, бидејќи во тоа време ми беше поважно да имам ангажмани отколку да бидам студент. Сега ми е жал што никогаш не го завршив факултетот за драмски уметности, открива тој.

– Во 1998 години се оженив. Се сметам себе си за фамилијарен човек кој што сака да има место каде што може да побегне од се и да биде мирен и свој. Емотивен сум и се врзувам лесно за луѓето. Кога ја запознав мојата сопруга, по некое време почнавме да живееме заедно, а кога двајцата бевме спремни да одиме чекор напред, се венчавме и со парите од свадбата си го средивме станот, завршил Ѓуричко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top