Дејвид Камерон пристигна во Брисел на самитот на ЕУ за буџетот со закана дека ако Унијата не ги намали трошоците тој ќе ја блокира заедничката каса.
Британскиот премиер изјави дека ЕУ мора да го намали трошењето од 2014 година до 2020 година за поголема сума отколку што беше предвидено минатата година.
Последниот самит во ноември заврши со неуспех откако Франција одби да се намалат трошоците како што бараа Британија и Германија.
Зборувајќи на прес конференција по пристигнувањето Камерон изјавил дека Еу мора да го искуси истото искуство со штедењето, како и земјите што се членки.
– ЕУ не смее да биде имуна на притисокот за намалување на потрошувачката – изјави Камерон во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


