| четврток, 6 декември 2018 |

Димитар научи да јава само за „Ако ме боли“ (ВИДЕО)

Атрактивна и досега неискористена локација , големата ергела на коњичкиот клуб „Дона“ во Радишани е местото каде што пред неколку дена се снимаше видеозаписот за новата песна на Димитар Андоновски. „Ако ме боли“, песната која го освои третото место на овогодишниот „Скопски фестивал“, а веќе со месеци не престанува да се врти по сите домашни радија, доби соодветен спот од продукцијата на Македонската радио- телевизија.

Интересно е што Димитар за потребите на новото видео научи да јава, а иако првпат се качи на коњ, вели дека брзо и одлично ја совладал оваа вештина. Зад идејата и реализирањето на видеозаписот стои „Горила филм“, а режијата е на Мерт Аслани. Во него, покрај ексклузивецот на „Горила продукција“, се појавува и манекенката Сандра Јовановска.

„Ако ме боли“ е дело на хитмејкерот, продуцент и композитор Лазар Цветковски, додека пак текстот го напиша Милан Миланов.

Со промоцијата на видеоспотот за „Ако ме боли“, Димитар Андоновски ја заокружува оваа повеќе од успешна музичка година за него. Тој продолжува со постојана работа, а наскоро „Горила продукција“ ќе го промовира и долгоочекуваниот прв албум на Димитар Андоновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top