| четврток, 6 декември 2018 |

Неготинчанец пронајден мртов во својот дом

Ѓорѓи П. (54) од Неготино вчера бил пронајден мртов во својот дом.

Според информациите на полицијата, тој бил пронајден од страна на семејството вчера околу 18.20 часот, а по пријавата и извршениот увид било утврдено дека станува збор за самоубиство.

Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Според неофицијални информации, починатиот имал психички проблеми, а до неговото тело била пронајдена и непозната прашкеста материја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top