| четврток, 6 декември 2018 |

Актерките во „Стјуардеси“: Смеењето е заразно

Ни­на Де­ан, Кри­сти­на Ла­сов­ска и Та­ња Миц­ков се акту­ел­ни со пос­лед­на­та прет­ста­ва „Стју­ар­де­си“ во ко­ја до­а­ѓа­ат до израз нив­ни­от та­лент, мла­дост и уба­ви­на. Си­те три ги има ре­чи­си во си­те прет­ста­ви на Те­а­тар Ко­ме­ди­ја, кои се акту­ел­ни на до­маш­на­та те­а­тар­ска сце­на

akterki-Stjuardesi-tri-740px

„Стјуардесите“ кои го шираат смеењето како зараза

Пре­ми­е­ра­та на прет­ста­ва­та „Стју­ар­де­си“ во Те­а­тар Ко­ме­ди­ја, ко­ја се слу­чи не­о­дам­на, ја на­пол­ни са­ла­та во Драм­ски те­а­тар. Тек­стот на Марк Ка­мо­ле­ти, чи­ја­што пра­из­вед­ба се одр­жа­ла пред точ­но 50 го­ди­ни во Па­риз и от­то­гаш, па до де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век би­ла тол­ку по­ста­ву­ва­на, што вле­гу­ва во ли­ста­та на Ги­нис ка­ко нај­из­ве­ду­ва­на ко­ме­ди­ја, пре­диз­ви­ка го­ле­мо ин­те­ре­си­ра­ње и на оваа из­вед­ба.

Пуб­ли­ка­та во са­ла­та бе­ше раз­но­вид­на, но пре­ов­ла­ду­ваа пом­ла­ди ли­ца, кои до­пр­ва  нав­ле­гу­ва­ат во тај­ни­те на до­бри­те и ква­ли­тет­ни прет­ста­ви. При­каз­на­та за плеј­бој-ар­хи­те­ктот Бер­нард и за не­го­ви­те три де­вој­ки стју­ар­де­си – Гло­ри­ја, Га­бри­е­ла и Гре­та, со сво­ја­та све­жи­на, ед­но­став­ност, лу­цид­ност и за­ба­ва бе­ше од­лич­но при­ме­на од пуб­ли­ка­та, ко­ја мно­гу до­бро се за­ба­ву­ва­ше. Ре­жи­сер на прет­ста­ва­та е Си­ни­ша Евти­мов, кој на­пра­ви од­ли­чен по­тег што оваа фар­са ја сме­сти во ше­е­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век и ја по­вр­за со му­зи­ка­та на ле­ген­дар­ни­от ма­ке­дон­ски му­зи­чар Дра­ган Ѓа­ко­нов­ски – Шпа­то.

Во прет­ста­ва­та игра мла­да еки­па: Ата­нас Ата­на­сов­ски (Бер­нард), Ва­лен­тин Ко­ста­ди­нов­ски– Ти­но (Ро­берт), Ни­на Де­ан (Гло­ри­ја), Кри­сти­на Ла­сов­ска (Га­бри­е­ла), Та­ња Миц­ков (Гре­та) и по­и­скус­на­та Ма­ри­ја Кон­дов­ска (Бер­та). Си­те, освен Кон­дов­ска, ко­ја го­сту­ва, се чле­но­ви на Те­а­тар Ко­ме­ди­ја.

На ре­пер­то­а­рот на Те­а­тар Ко­ме­ди­ја има шест прет­ста­ви, а Де­ан, Миц­ков и Ле­сов­ска игра­ат ре­чи­си во се­ко­ја прет­ста­ва. Те­а­та­рот сѐ уште не­ма ма­тич­на сце­на, а прет­ста­ви­те се игра­ат во Драм­ски, но отка­ко МНТ ќе се пре­се­ли во но­ви­от об­јект, то­гаш Те­а­тар Ко­ме­ди­ја ќе до­бие и сво­ја сце­на. Ни­ви­те прет­ста­ви, пред сѐ, се по­се­те­ни од пом­ла­да­та пуб­ли­ка, но, ка­ко што ве­лат актер­ки­те, тоа најм­но­гу се дол­жи на тоа што тие се млад ан­самбл.

akterki-Stjuardesi-tri-Nina-Dean

Нина Деан

– Се на­де­ва­ме, но пот­свес­но и зна­е­ме де­ка на­ши­от те­а­тар ста­ну­ва мно­гу при­јат­на и среќ­на за­ра­за. Во еден пер­и­од не­до­сти­га­ше пуб­ли­ка по те­а­три­те воопшто, не­ма­ше ре­ди­ца за кар­ти пред би­ле­тар­ни­ци­те во те­а­тар. Се­га ве­ќе не е та­ка и мно­гу ни е дра­го што е та­ка – ве­ли Та­ња Миц­ков.

Си­те три актер­ки приз­на­ва­ат де­ка не са­кат да се до­бие впе­ча­ток де­ка се фа­лат, но тие ни­ко­гаш не игра­ле пред праз­на са­ла.

– Ние ни­ко­гаш не сме има­ле не­до­стиг од пуб­ли­ка отка­ко по­стои Те­а­тар Ко­ме­ди­ја. Тоа де­ка сме млад ан­самбл пов­ле­ку­ва и пом­ла­да пуб­ли­ка и тоа е факт. На­ша­та пуб­ли­ка е ме­шо­ви­та, но за­бе­ле­жу­ва­ме де­ка има и пом­ла­да пуб­ли­ка, што ни е мош­не дра­го. До­де­ка бев­ме сту­ден­ти бев­ме све­до­ци де­ка не­ма­ше мно­гу пуб­ли­ка во те­а­та­рот, ба­рем онол­ку кол­ку што би тре­ба­ло да има. Мно­гу е важ­но кој го ме­на­џи­ра те­а­та­рот. Во на­ши­от слу­чај, мис­лам де­ка ние го има­ме нај­до­бри­от ме­на­џер – Је­ле­на Жу­гиќ. Таа вле­гу­ва ра­но на­у­тро во те­а­та­рот, за­ми­ну­ва доц­на на­ве­чер од не­го и да­ва сѐ од се­бе. За­тоа има­ме бо­гат ре­пер­то­ар и прет­ста­ви­те ни се по­се­те­ни. На се­кој актер му по­са­ку­вам та­ков ме­на­џер. Си­те се сог­ла­су­ва­ме со тоа – ве­ли Кри­сти­на Ла­сов­ска.

akterki-Stjuardesi-tri-Kristina-Lasovska

Кри­сти­на Ла­сов­ска.

Во Те­а­тар Ко­ме­ди­ја не се мла­ди са­мо акте­ри­те, ту­ку и по­мош­ни­от пер­со­нал: мај­сто­рот за свет­ло, мај­сто­рот за тон, шмин­ке­рот.

– Ние сме мла­да еки­па. Си­те за­ед­но но­си­ме ед­на но­ва енер­ги­ја, мла­де­шка си­ла, ко­ја ја прив­ле­ку­ва пуб­ли­ка­та да оди во те­а­та­рот не за­тоа што мо­ра или за­тоа што та­ка им на­ре­ди­ле од учи­ли­ште, ту­ку за­тоа што са­ка­ат. До­бри­те ве­сти бр­зо се ши­рат. Ако е до­бра прет­ста­ва­та, тоа ќе се рас­чуе и уште по­ве­ќе лу­ѓе ќе дој­дат да ја ви­дат – сме­та Ни­на

Де­нес е по­те­шко не­ко­го да нас­ме­еш откол­ку да расп­ла­чеш

Жи­ве­е­ме во вре­ме ко­га е мно­гу по­те­шко не­ко­го да нас­ме­еш, откол­ку да расп­ла­чеш. За­тоа и од­го­вор­но­ста на акте­ри­те во Те­а­тар Ко­ме­ди­ја е уште по­го­ле­ма.

– Ние ги но­си­ме при­ти­со­кот и то­ва­рот. Но, сѐ се исп­ла­ту­ва ко­га до­а­ѓа­ме до до­бар ре­зул­тат и ко­му­ни­ка­ци­ја со пуб­ли­ка­та – ве­ли Ла­сов­ска.

Тоа го приз­на­ва и Миц­ков.

– Во прин­цип, мно­гу е те­шко да нас­ме­еш не­ко­го, по­себ­но во ова вре­ме. Но, мис­лам де­ка се­кој ја до­би­ва сво­ја­та пор­ци­ја нас­ме­вки и тоа не е од „фас­тфуд-нас­ме­вки­те“ ту­ку точ­но до­зи­ра­на, не­што што ќе се по­чув­ству­ва и ви­стин­ски ќе те стоп­ли. Пуб­ли­ка­та го чув­ству­ва тоа и си за­ми­ну­ва за­до­вол­на – ве­ли Миц­ков.

Тоа што си­те три се вра­бо­те­ни во Те­а­тар Ко­ме­ди­ја не ги де­тер­ми­ни­ра де­ка се­ко­гаш ќе се за­ни­ма­ва­ат со овој жанр. Си­те има­ат го­сту­ва­ња и во дру­ги­те те­а­три во Ма­ке­до­ни­ја, искус­тво во филм­ски про­е­кти…

– Ко­га не­кој се за­пи­шу­ва на драм­ски сту­дии, не знае што ќе ра­бо­ти по­на­та­му. Не­кој што сме­та де­ка е мно­гу до­бар во дра­ма или во тра­ге­ди­ја, жи­во­тот мо­же да го од­не­се во со­се­ма по­и­на­ков пра­вец. На фа­кул­тет не те учат – ти си за ко­ме­ди­ја, ти си за тра­ге­ди­ја. Ни­кој про­фе­сор не ти го ка­жу­ва тоа. Со ко­ме­ди­ја­та чо­ве­кот поч­ну­ва да се осоз­на­ва на еден по­и­на­ков на­чин. Се гле­да се­бе­си од не­ко­ја астрал­на точ­ка и ќе се нас­мее над са­ми­от се­бе.

Ко­ме­ди­ја­та е за тоа – да ги от­трг­не си­те дам­ки од чо­веч­ка­та уба­ви­на. Нај­важ­но­то во се­кој лик е да се изв­ле­че нај­до­бра­та ка­ра­ктер­на цр­та. Ко­га ќе се за­о­кру­жи ли­кот, да си за­ми­неш со не­што но­во на­у­че­но, со уба­во чув­ство – ве­ли Миц­ков.

akterki-Stjuardesi-tri-Tanja-Mickov

Тања Мицков

Со но­ви­от об­јект ќе се до­бие и но­ва пуб­ли­ка

„Стју­ар­де­си“ има од­лич­ни сцен­ски ре­ше­ни­ја и ко­сти­ми, чиј­што комп­ле­тен ди­зајн е де­ло на Или­на Ан­ге­лов­ска. Ре­жи­се­рот Евти­мов мно­гу до­бро ја во­ди прет­ста­ва­та и ус­пе­ва да на­пра­ви со­лид­но жа­нров­ско де­ло.

– Евти­мов е мно­гу суп­ти­лен, мно­гу де­ли­ка­тен ре­жи­сер со пре­фи­не­та есте­ти­ка. Тој е чо­век со кој мно­гу лес­но се ра­бо­ти и про­во­ка­ци­ја­та што ја бу­ди кај акте­ри­те е исто та­ква ка­ква што е и тој. За­тоа е за­до­волс­тво да се ра­бо­ти со не­го – ве­ли Миц­ков.

Актер­ки­те се сог­ла­су­ва­ат де­ка овој про­ект е еден од по­у­ба­ви­те во Те­а­тар Ко­ме­ди­ја. Иа­ко на прв пог­лед жен­ски­те ли­ко­ви се исти, тие, на­ви­сти­на, се по­тру­ди­ја да на­пра­ват со­се­ма раз­лич­ни ли­ко­ви еден од друг.

– Ова бе­ше еден од по­у­ба­ви­те и по­от­пу­ште­ни про­е­кти во Те­а­тар Ко­ме­ди­ја. Има­ше од­лич­на друж­ба, си­те си по­ма­гав­ме во актер­ски­те кре­а­ции, што е мно­гу важ­но за еден ан­самбл, и мо­ра да приз­на­ам де­ка е ре­ткост. Се­кој од нас играл и во дру­ги ан­самб­ли и, мо­же­би, ќе зву­чам мал­ку не­скром­но и суб­је­ктив­но, но ние во Те­а­тар Ко­ме­ди­ја функ­ци­о­ни­ра­ме ка­ко еден тим и мис­лам де­ка тоа се гле­да – ве­ли Ла­сов­ска.

И Де­ан го де­ли исти­от впе­ча­ток.

– Во „Стју­ар­де­си“ бев­ме ма­ла еки­па и сѐ бе­ше не­ка­ко по­ин­тим­но и тоа се гле­да во фи­нал­ни­от про­из­вод. Си­ни­ша од­лич­но нѐ во­де­ше. Тој мно­гу суп­тил­но знае да те до­ве­де до та­му ка­де што за­мис­лил. Не е на­па­ден, знае што са­ка и не­ма тоа ди­рект­но да ти го ка­же, ту­ку од око­лу. На по­че­то­кот бев­ме мал­ку скеп­тич­ни, мо­ра да приз­на­ам би­деј­ќи про­би­те пр­во беа мно­гу лес­ни. На крај из­ле­зе су­пер­прет­ста­ва – ве­ли Де­ан.

На ре­пер­то­а­рот на Те­а­тар Ко­ме­ди­ја има шест прет­ста­ви и ме­сеч­но се игра­ат шест до осум прет­ста­ви во Драм­ски те­а­тар.

– Че­сто се слу­чу­ва ед­на прет­ста­ва да не се оди­гра цел ме­сец, што е мно­гу го­ле­ма ште­та и за нас и за прет­ста­ва­та. Се гу­би од кон­ти­ну­и­тет. Ќе се до­бие на ква­ли­тет ко­га ќе до­би­е­ме наш об­јект. То­гаш ќе има­ме на­ша сце­на и на­ша пуб­ли­ка, а и те­а­та­рот ќе до­бие но­ва пуб­ли­ка во­оп­што – за­вр­шу­ва Ла­сов­ска.

 

Пи­шу­ва: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top