
фото: Охрид1
Бугарите ќе го заземат Охрид за време на новогодишните празници, пренесуваат бугарските медиуми. Нашите сонародници велат се со најмногу резервации од странските туристи за пречек на 2014 година крај Охридско Езеро.
„Бугарите ќе играат и пеат „Македонско девојче“ на Нова година“, вакви и слични наслови пишуваат локалците за приливот и преполните хотелски резервации од кои над 70 проценти од хотелите и рестораните во Охрид веќе се резервирани.
Најмногу туристи има од Бугарија. Следат оние од Грција, Србија, Албанија, Косово и од Црна Гора, соопшти Дончо Таневски, претседател на Хотелската асоцијација на Македонија.
„Оваа година предлозите за дочек на Нова година се доста атрактивни – тие почнуваат од 15 евра за вечера“, рече уште Таневски. 180 евра чини новогодишниот пакет со три ноќевања.
А во приватните сместувања цените почнуваат од 5 евра за кревет и стигнуваат до 50 евра за стан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


