| четврток, 6 декември 2018 |

Уште 3 милиони евра ги чекаат земјоделците

земјоделиеКредитните линии за поддршка на развојот што ги обезбедува Владата на Република Македонија сѐ уште не се целосно искористени, уште три милион евра се останати за сите оние што се занимаваат со примарно земјоделско производство, потенцираше министерот за финансии, Зоран Ставрески, во интервју за кавадаречка телевизија, апелирајќи до сите земјоделци да aплицираат што поскоро.

– Останаа уште три милиони евра што не се искористени, досега околу  7,5 милиони се искористени и 27 проекти се исфинансираа. Апелирам до сите оние што се занимаваат со примарно земјоделско производство, но и со откуп и извоз на земјодеслки производи да аплицираат. Се работи за иклучително поволна кредитна линија со само 3% камата, другите услови се 5 години отплата со една година грејс период  ако се работи за инвестиции, така да нема поевтини пари на пазарот- рече Ставрески во интервју за телевизијата „Тиквешија“.

Тој додаде дека останаа уште 3 милиони евра и ги повика малите компании да се обратат во Македонската банка за поддшка на развојот и да ги искористат.

– Во тиквешкиот регион и пошироко, како Кавадарци, Росоман, Неготино, секаде имаме распишано огласи за продожба на државно земјиште по цена од едно евро по метар квадратен доколку се инвестира во мала винарница. Сметаме дека е регион што има потенцијал сѐ уште иако има доста производство на грозје и на вино. Меѓутоа, има уште многу потенцијал кој може да се искористи – потенцираше министерот Ставрески.

Винцепремиерот Ставревски упати апел до оние кои имаат идеја и кои можат да се зафатат со приватен бизнис да ја искористат оваа шанса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top