| четврток, 6 декември 2018 |

Сараево со плакати против Дедо Мраз

dedo mrazНа многу места во сараевскиот кварт Храсно се појавија плакати со текст: „Нова година и Дедо Мраз се христијански празници“.
Како што објави интернет порталот „Кликс“, ваквиот притиск врз жителите на Сараево кои во Дедо Мраз гледаат граѓанска традиција, целосно одделена од религијата, не е нешто ново и е честа појава во последните неколку години.
За голем број граѓани на Сараево и на Босна и Херцеговина Дедо Мраз е весел белобрад старец, кој на децата им носи новогодишни подароци и празниците им ги прави поубави.
Плакатите набрзо биле искинати.
Празнувањето на Нова година и Дедо Мраз со години наназад предизвикува лавини од критики на форумите на Интернет во Босна и Херцеговина. Оние што го практикуваат исламот како религија, велат дека „Нова година за нив е ноќ како секоја друга“. Исламот, меѓутоа, ним не им забранува да го одбележуваат новогодишниот празник, како што тоа го праваат нивните соседи христијани, забележува порталот.
Експертите, сепак, предупредуваат дека воведувањето на исламската веронаука во детските градинки и во образовните институции и со истовременото „пртерување“ на Дедо Мраз од нив, може да значи радикализирање на исламот во земјата.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top