| четврток, 6 декември 2018 |

„Си беше еднаш“ – нова песна на Лешоски, Ориѓански и Бени

Оваа несекојдневна комбинација на уметници ја создаде „Си беше еднаш“. Музиката за новата песна е комплетно дело на Златко Ориѓански, а познатиот композитор помогна и во создавањето на текстот за кој се погрижи Дарко Лешоски.

Богата со инструменти, во „Си беше еднаш“ свират Пеце Христовски-сакс; Лазар Сандев – Мандолина; Душко Божиновски – Армоника; Илија Филиповски – Виолина; Бале Трајковски – Кларинет и Славчо Коцев – Ударни иснструменти.

Песната е снимена и продуцирана во студио „ТРАЛАЛА“ на Мите Димовски. Покрај Ориѓански пее и Бени „Нон стоп“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top