Во Музејот на град Скопје денеска се одржа традиционалната археолошка изложба која е ретроспектива на сѐ што е пронајдено од 2007 до 2013 година.
Беа изложени вредни пронајдоци, кои во изминатите шест години беа пронајдени на Хераклеја Линкестис кај Битола, Скупи и Таурисиум кај Скопје, Вардарски Рид, Стоби кај Градско, Kокино, кај Kуманово, Плаошник во Охрид, Тетовско кале (Балтепе), Градиште кај светиниколското село Kнежје, Стибера и „Св. Преображение“ кај селото Зрзе, Прилепско, Цареви Kули кај Струмица, Баргала и Исар во Штип, Градиште кај Неготино.
Изложбата ја организираат Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство во соработка со Музејот на град Скопје, заводите и музеите од Охрид, Битола, Штип, Прилеп и од Струмица, музеите на Македонија, Гевгелија, Kуманово, Свети Николе, Тетово, археолошкиот локалитет Стоби и Националниот конзерваторски центар – Скопје.
фото: Ѓорѓи Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.