| четврток, 6 декември 2018 |

Пластичарите се обиделе да го вклучат трансформаторот – наместо тоа, му ја исклучиле струјата на Изет Меџити

Protesti plasticari (5) (Small)

Непознати, најверојатно дел од дуќанџиите од Пластичарската улица (булевар Никола Карев), кои веќе два дена протестираат, утринава околу 4.30 часот се обиделе да го вклучат трансформаторот кој е во дефект, но наместо тоа, извадиле неколку осигурувачи поради што зградата на Општина Чаир и канцеларијата на градоначалникот Изет Меџити останал без струја. Од напон била исклучена и зградата на Комунална хигиена.

Оваа инфомација ни ја потврди ЕВН. Оттаму велат дека за ова ја инфомирале полицијата, која направил увид и утврдила дека некој ја скршил вратичката на трансформаторот.

Веднаш потоа екипа на ЕВН, со помош на полицијата, интервенирала и ја поправила штетата. Попладнево е вратена струјата во зградата на Општина Чаир.

– Апелираме до сите да нѐ остават на работиме, да ја зајакнеме мрежата во овој дел на градот. Апелираме да се смират страстите, нема потреба од протести. Недозволено е да се врши насилство врз нашите работници – вели Атанас Ковачевски од ЕВН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top