| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен нов ноќен клуб на плоштад „Македонија“

Вчеравечер во отпуштена атмосфера за која беа задолжени неколку македонски диџеи беше отворен клубот „ХО“ што се наоѓа на местото на поранешно „Б2“ во центарот на Скопје. Вниманието на  црвениот тепих го привлекоа многу важни гости и познати македонски личност, бизнисмени, политичари, музичари, спортисти, фотомодели итн.

IMG_9338

–  Амбиентот на клубот е олицетворение на софистицираност од светска класа, што ја имаме забележано шетајќи низ светските метрополи. За поздрав е отворањето на еден ваков клуб во центарот на Скопје и му честитаме на менаџерскиот тим за направениот избор – изјавија неколку гости кои се забавуваа на отворањето.

IMG_9271

Впечатливиот шанк, одлично позиционираниот  простор за ВИП гости и, секако, беспрекорната услуга на персоналот се само дел од нештата по кои клубот „ХО“ се издвојува во скопскиот ноќен живот. Тематски забави се предвидени во деновите на работа на клубот (четврток, петок и сабота), најавуваат од менаџерскиот тим.

 

Темата на вечерашната забава е „Back to Basic“ со диџеј Никифор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top