– Опозицијата нема да ги даде кандидатските листи, и ќе имаме избори само со претставници на власта и некоја сателитска опозиција. Мора да се разговара за предвремени избори за да се надмине кризата кои тие ја создадоа по невидениот срам на 24.декември. Ќе одиме овој пат до крај. Без политички договор нема да ги дадеме листите. Многу сме блиску за неучество на избори- рече Петров.
Не знае дали ќе има нова покана за лидерска средба.
-Од Черчил е останато дека ако не сакаш решение формирај комисија. Не сме илузионисти, па да создаваме привид што се случуваше на 24 декември. Сите видоа што се случи. Предлогот за составот на комисијата е играње мајтап. Зарем членовите кои би ги предложиле Иванов и Вељаноски ќе бидат независни. Од авион се виде бруталниот напад врз пратениците- рече Петров.
Меѓународниот фактор, рече, е загрижен за состојбата во Република Македонија. Требаше, рече, појасно да ја кажат својата оценка за состојбата.
-Нема да се вратам во пратеничките клупи. Меѓународната заедница посакува Македонија да е зрела демократија и гледа огромен проблем на полето на демократијата. Ние имаме воља за разговор. Но ако мислат дека со ултиматум ќе попуштиме, овој пат се лажат- рече Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



