| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Ројс може да се купи за 40 милиони фунти

Манчестер Јунајтед е тимот кој е најзагреан да го доведе во своите редови играчот на Борусија Дортмунд Марко Ројс.
Ројс оваа есен е еден од најдобрите играчи на тимот од Дортмунд. За да го доведе во своите редови уште во јануарскиот преоден рок Манчестер мора да плати 40 милиони фунти. Клаузулата за откуп на договорот на Марко Ројс до ова лето беше 29.4 милиони фунти. Борусија поучена од случајот со Марио Геце кога овој играч премина во Баерн Минехен, раководтсвото на клубот одлучи да ја качи цената. Сега Манчестер Јунајтед ќе мора д издвои 40 милиони фунти ако сака да го добие играчот.
Со овој договор Јунајтед би го израмнил клубскиот рекорд за цената на договорот со оној на Рио Фердинанд кога „црвените ѓаволи“ мораа да платат оваа сума на тимот од Лидс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top