| четврток, 6 декември 2018 |

Сопствениците на дуќаните на „пластичарска“ лути: Ни го уништија предновогодишниот промет

Булеварот Никола Карев или попознат како Пластичарската улица, заедно со сите околни сообраќајници се блокирани поради протест на жителите на улицата. Протести имаше и вчера попладне, а на улица се граѓаните од овој дел на градот кои се исклучени од струја затоа што не плаќаат сметки или затоа што се илегално приклучени на електричната мрежа.
Поради преоптоварувањето на електричната мрежа, екипи на ЕВН од вчера се обидуваат да го отстранат дефектот, но ни со асистенција од полицијата тоа не успеваат да го сторат.

Дуќанџиите на пластичарската улица лути – два дена се оневомзожени да работат. Со ова, коментираат тие, ни бегаат муштериите.

– Каде живееме? Во Бангладеш? Не си платил струја и ајде сега на улица. Ај сите да не плаќаме и да излеземе на улица. Два дена ни ја блокираат работата. Прометот ни опадна. Се работи за денови пред празниците кога имам повеќе работа поради купување на елки, новогодишни украси… Со ова не уништија. Прометот значително ни опадна – се жали еден од сопствениците на продавница на пластичарската улица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top