| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: МВР фати проститутки во Тетовско и ги фотографираше

MVR kurvi (2)

Полицијата извршила рација во два објекта во тетовските села и нашла 13 албански и македонски државјанки кои, најверојатно, се занимавале со проституција. Полицијата ги објави и фотографиите од рацијата.

Во нивното соопштение се вели:

„Денес во раните утрински часови на подрачјето на Тетово беа спроведени акциски контроли во два угостителски објекти – угостителскиот објект „Кораби“ во с. Горно Седларце, сопственост на З.Л.(36) од Тетово и во угостителскиот објект „Желина“ во с. Желино во сопственост на Ш.И (33) и М.Ф (22) и двајцата од Желино.

MVR kurvi (1)

Притоа, во првиот објект биле затекнати, а потоа и приведени седум девојки од Република Албанија и една од Република Бугарија, додека пак во вториот локал затекнати се шест албански и осум македонски државјанки.
Сите девојки, кои претежно биле ангажирани како пејачки и танчерки, заедно со сопствениците на објектите се приведени и задржани во Секторот за внатрешни работи Тетово, за натамошна постапка во Отсекот за странци и реадмисија.
По целосно расчистување на случаите против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top