| четврток, 6 декември 2018 |

Нов циркус од ЕХФ, актуелниот европски првак Црна Гора ќе игра квалификации за следното ЕП

На Европската ракометна федерација (ЕХФ) постојано и се случуваат гафови, а најновиот циркус оттаму ја погоди женската репрезентација на Црна Гора. Иако се актуелни европски шампионки, девојките од Црна Гора ќе мора да играат квалификации за следното ЕП во 2014 што заедно ќе го организираат Хрватска и Унгарија.

Ова ќе биде прв случај во историјата на женскиот ракомет, актуелниот првак да нема гарантирано учество на следното ЕП.

-Ова изгледа важи само за Црна Гора. Да беше Норвешка или некоја од другите повлијателни држави, прашање е дали би било вака. Мислам дека апсолутно е праведно европскиот првак без квалификации, директно да се пласира на следниот континентален шампионат – вели селекторот на Црногорките, Драган Аџиќ.

Уште посмешна станува одлуката на ЕХФ, а ко се знае дека светската ракометна федерација (ИХФ) и го признава статусот европски првак на Црна Гора и и гарантира настап на следното светски првенство, заедно со полуфиналистите од ЕП во Србија 2012. Со шампионките на стариот континент,  на СП годинава во Србија, директно се пласираа и домаќинот, и Норвешка и Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top